Алвес потврди дека е цар за пенали – Гризман и Гамеиро ја средија Валенсија


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во дерби натпреварот кој се одигра на Местаља, фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа против Валенсија со 0:1.

    Диего Алвес во првите триесет минути од натпреварот беше фантастичен на голот, одбрани два заканувачки удари на Саул и Гризман. Нани пред крајот на првото полувреме направи прекршок во казнениот простор, а Антоан Гризман ја зеде топката. Французинот шутираше, но Диего Алвес го одбрани шутот од белата точка. Фернандо Торес во второто полувреме ја имаше првата посериозна шанса за да му донесе водство на Атлетико Мадрид, но повторно Диего Алвес беше на вистинското место. Во 67-та минута конечно беше совладан Диего Алвес, Антоан Гризман беше стрелец на асистенција на Кевин Гамеиро. Само две минути по погодокот на Гризман, Адерлан Сантос направи пенал. Овој пат Габи се намести за изведување, но Диего Алвес и овој пенал го одбрани. Пред пет минути пред крајот на натпреварот, Фернандо Торес со глава шутираше непрецизно. Дефанзивецот на Валенсија, Елаквим Мангала со глава шутираше, но Јан Облак го спаси голот. Алвес по втор пат беше совладан во 93-та минута, а Кевин Гамеиро ги постави конечните 0:2.

    Валенсија го запиша петиот пораз, а Атлетико со денешната победа се искачи на врвот на табелата во Ла Лига.