Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Фудбалерите на Лугано одиграа нерешено против лидерот на табелата во швајцарското првенство, Базел, 2:2.
Сите четири погодоци беа видени во второто полувреме. Делгадо во 51-ва минута погоди за водство на гостите. Мариани израмни, а во 75-та минута беше досуден пенал за Лугано. Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја намести топката на белата точка и му донесе водство на Лугано, 2:1. Пред две минути пред крајот на натпреварот беше досуден пенал за гостите, а Кала беше сигурен од белата точка за конечни 2:2.
Езгјан Алиоски е прв стрелец во швајцарската лига со 8 погодоци.