До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англија бруи: Многумина ги потврдија шпекулациите за најлудиот трансфер на Јунајтед некогаш
Англија секојдневно бруи за Вејн Руни, а делува дека во следниот преоден рок ќе биде остварен еден од најшокантните трансфери во историјата на Премиер лигата.
Кој после толку години би рекол дека Руни може да се врати во Евертон, клуб во кој потекна, но го напушти поради славниот Манчестер Јунајтед како голобрадо момче.
„Ме прашувате дали би прифатил на доаѓање на Руни? Не знам каква е неговата ситуација во Манчестер Јунајтед, тоа не е мој проблем, ако се укаже прилика, ние со две раце ќе ја прифатиме“, изјави Куман и ги разгоре фантазиите на англиските новинари.
А за него проговори и поранешниот фудбалер на Евертон Леон Осман:
„Нема да се изненадам да се врати“.
Никој не гарантира негов транфер во Евертон, но штом за него зборуваат сите кои многу добро ја познаваат ситуацијата на Гудисон, тука мора да постојат причини.















