Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Уште пет натпревари се одиграа во групната фаза од квалификациите за СП.
Ерменија доживеа потоп на домашен терен од Романија, 0:5. По половина час игра романците имаа предност од 4 погодоци. Чипчиу во 60-та минута погоди за конечни 0:5.
Изненадување на Олимпискиот стадион во Баку каде Азербејџан ја совлада Норвешка со 1:0. Медведев во 11-та минута му донесе големи три бода на својата репрезентацијата.
Црна Гора лесно си поигра со Казахстан, 5:0. Томашевиќ, Вукчевиќ, Јоветиќ, Бекирај и Савиќ го размонтираа Казахстан.
Англија уште во првото полувреме ја реши Малта. Прво Даниел Стариџ погоди, а конечните 2:0 ги постави Деле Али.