Андреа Довициозо на пол позиција во Малезија пред големата тројка


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Возачот на Дукати, Андреа Довициозо постави најбрзо време во квалификациите за ГН на Малезија на патеката Сепанг.

    Италијанецот ќе стартува од пол позиција на утрешната трка. Тандемот од Јамаха, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо ќе стартуваат од втората и третата позиција. Шампионот Марк Маркез заврши на четвртата позиција. Победникот од Австралија, Кал Крачло заврши на петата позиција. Колегата на победникот во денешните квалификации, Андреа Јаноне ќе стартува од шестата позиција. Алеиш Еспаргаро заврши седми, Маверик Вињалес осми. Во топ 10 се најдоа и Алваро Баутиста и Лорис Баз.

    Трката за ГН на Малезија е на програмата утре од 08:00 часот.