Андреа Пенезиќ една од трите ѕвезди на третото коло


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    За викендот се одиграа сите натпревари од третото коло во ЛШ за жени.

    Во трите ѕвезди на третото коло имаше место и за ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ.

    Пенезиќ постигна 10 погодоци на гостувањето на Вардарки против Астраханочка и беше една од главните виновници што македонскиот клуб запиша втора победа по ред во ЛШ.

    Мелинда Сикора од Ференцварош бранеше фантастично на натпреварот на Лајпциг и таа се најде во една од трите ѕвезди на третото коло. Ракометарката на Ѓер, Едуарда Аморим Талеска во одбраната беше фантастична против ЧСМ Букурешт. Исто така беше одлична и во нападот, 100% учинок, 5/5 погодоци.