Андрес Иниеста доживеа тешка повреда против Валенсија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Барселона денеска на Местаља оствари тешка победа против Валенсија од 3:2.

    Каталонската екипа до победата стигна во самиот финиш од натпреварот кога од пенал погоди Лионел Меси.

    Сепак, навивачите на Барса овој меч нема да го паметат по добро бидејќи во првото полувреме поради повреда теренот мораше да го напушти Андрес Иниеста.

    Според првите информации од Шпанија, Иниеста доживеа тешка повреда на десното колено.

    Наводно, играчот за врска на Барселона ги скина лигаментите, и надвор од терените може да биде повеќе од шест месеци.

    Доколку ова биде точно многу лесно може Иниеста да го пропушти остатокот од оваа сезона.