До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според најновите наводи на англиските медиуми, Арсенал сака да ја засили напаѓачката линија со напаѓач на Милан.
Се работи за францускиот напаѓач М’Баје Ниaнг, фудбалерот кој игра многу добро на стартот на новата сезона во Милан, впрочем како и целиот тим на Росонерите кој по прв пат во последните неколку години делува како вистинска екипа, спремна за некој поголем домет.
Како што пренесуваат англиските медиуми, но и влијателниот Калчомеркато, Арсенал е спремен да понуди дури 35 милиони евра за Нианг, но е прашање дали Росонерите ќе го продадат со оглед на фактот дека на Сан Сиро моментално владее добра атмосфера предизвикана од приливот на кинески пари.















