Арсенал им се врати на победите – Санчез и Волкот го решија Борнмут


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Арсенал на Емирати славеше со 3:1 против Борнмут во натпревар од тринаесетото коло од ПЛ.

    После дванаесет минути игра на теренот го видовме првиот погодок. Во одбраната погрешија гостите, а Алексис Санчез тоа го казни со погодок. Неколку минути подоцна Начо Монреал направи прекршок во казнениот простор, а судијата досуди пенал за Борнмут. Вилсон шутираше и погоди за израмнување на резултатот. Веднаш по погодокот следуваше нова шанса за погодок на гостите, а Смит со глава шутираше над голот. Во финишот на првото полувреме Алексис Санчез ја погоди пречката. Волкот во 53-та минута со глава погоди за враќање на водството на Арсенал. При крајот на натпреварот ни донесе уште еден погодок, а тој беше дело на Алексис Санчез кој ја осигура победата на Арсенал, 3:1.

     

    Арсенал во следното коло му гостува на Вест Хем, а Борнмут на домашен терен ќе го пречека Ливерпул.