Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид синоќа запиша гостинска победа над Бетис со резултат од 5:3, но Кралевите на оваа средба станаа и прва екипа која ја премина цифрата од 6000 постигнати голови во шпанскиот шампионат.
Вчерашниот натпревар беше навистина сјајна претстава и имаше неколку пресврти, Реал поведе преку Асенсио во 11. минута, па Бетис стигна до 2:1 на полувремето.
Сепак, Рамос во 50. минута донесе изедначување на Реал, а Асенсио во 59. минута повторно погоди за предност на својата екипа (3:2). Потоа Роналдо постигна гол за 4:2, но Бетис не се предаваше, па во 85. минута намали на 4:3.
Сепак, Бензема во судиското продолжение ги реши сите дилеми околу победникот, погодувајќи за конечни 5:3.
Посебна „тежина“ носи вториот гол на Асенсио на вчерашниот натпревар со обизр на тоа дека беше 6000 погодок на Реал Мадрид во шпанското првенство, а подоцна Роналдо и Бензема се погрижија Кралевите додатно да го подобрат овој историски голгетерски учинок.