Аспас и Иско ја спасија Шпанија од пораз против Англија, Брегот на Слоновата Коска успеа да ремизира против Франција

    Уште два пријателски натпревари се одиграа вечерва.

    Репрезентацијата на Англија одигра нерешено во дерби натпреварот против Шпанија со 2:2. Лалана во првото полувреме погоди за водство на Англија и потоа се повреди. Водството го зголеми Џејми Варди во вториот дел. Јаго Аспас во 89-та минута постигна погодок за намалување на водството на Англија. Во последната минута од натпреварот Иско ја спаси Шпанија од пораз на овој натпревар, 2:2.

    Франција и Брегот на Слоновата Коска одиграа без погодоци, 0:0.