Атлетико без одбрана: Против Барса нема кој да игра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со повредата на Диего Годин настана хаос на стоперските позиции и прашање е дали некој од четирите стопери ќе се опорави до натпреварот со Барселона кој е на распоред за 14 дена.

Годин со повреда успеа да го заврши мечот против Атлетик Билбао и во продолжението да погоди за победа (3-2). Сепак, неговата повреда е сериозна и сигурно ќе паузира барем три седмици.

Жозе Гименез е од претходно повреден. Тој сигурно нема да биде спремен за мечот, а повреди на мускулите имаат уште и Лукас Хернандез и Стефан Савиќ и тие се под знак прашалник.

Клубот не се огласи за потенцијални датуми за враќање на овие фудбалери. Прогнозите не се ниту малку добри и прашање е дали Јорганџиите ќе имаат на располагање двајца стопери во мечот со Барса.

Симеоне дефинитиво мора нешто да измисли.