Баерн со пресврт до победа против Инголштадт, Дортмунд со шестка против Дармштат


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на актуелниот германски шампион со пресврт до третата победа по ред, а Дортмунд со шестка против Дармштат.

    Со голот на Лезкано во 8 минута Инголшдт ги изненади навивачите на Алијанц Арена,  но лева со прекрасен гол израмни на 1:1 во 11 минута.

    Со тој резултат се отиде на одмор.

    Само пет минути игра во второто полувреме Чаби Алонсо ги доведе Баварците во водство од 2:1, а Рафиња во 84 минута ги постави конечните 3:1.

    Борусија од Дортмунд уште од 7 минута даде до знаење кој ќе биде победник на овој дуел. Стрелец на голот беше Кастро. Рамос зголеми на 2:0 во 48 минута од мечот,  а во 54 минута Пулишиќ зголеми на 3:0. Во 78 минута Кастро со вториот 2 гол на мечот зголеми на 4:0, а за 5:0  го постигна Роде во 84 минута од натпреварот, а конечните 6:0 ги постави талентираниот играч Мор.

    Леверкузен загуби на гостувањето во Франкфурт со 2:1. Мејер со гол во 53 минута ги доведе домаќите во водство од 1:0, Чичарито израмни во 60 минута, а Фабиан во 79 минута ги постави конечните 2:1. Вреди да се спомене дека Чичарито во 88 минута промаши пенал.

    Во останатите резултати: Хамбургер – Лајпциг 0:4. Хофенхајм – Волфсбург 0:0