Балотели доведува другар од Ливерпул во Ница?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Француските медиуми пренесуваат дека Супермарио убедува дефанзивец на Редсите кој не е во прв план кај Клоп да дојде на Азурниот брег.

    Во интервјуто кое го даде за Телефоот“, Марио Балотели откри дека пробува да влијае на Мамаду Сако да му се придружи во Ница во јануари.

    „Се слушаме од време на времеи секој пат му споменувам дека треба да дојде во Ница. Срамота е што играчи како што е тој не игра. Знам многу добро што зборувам, бевме соиграчи, Мама е еден од најдобрите дефанзивци.

    Да сум на негово место, ќе заминам без размислување. Не е лесно кога не играш поради полоши од тебе, а не можеш ништо да промениш. Поради тоа повеќе не е ни во репрезентацијата, а убеден сум дека за него таму има место.

    Се надевам дека ќе ме послуша и ќе дојде во Ница во јуануари“, рече Балотели.