До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Напаѓачот на Ница, кој експлодираше во оваа сезона, верува дека наградата треба да заврши во рацете на фудбалер на Барселона.
Марио Балотели беше некој кој со години наназад е оспоруван поради сите послабите партии како во Милан така и во Ливерпул.
Дојде во Ница во ова лето без оштета и направи вистински избор. Постигна седум голови во оваа сезона, еден од најзаслужните што Ница е сеуштњ на врвот на Лига 1.
И самиот изјави дека не се откажува од “Златната топка“ бидејќи верува дека еден ден ќе ја освои, а сега истакна дека оваа престижна награда треба да заврши во рацете на Луис Суарез.
Тој смета дека Уругваецот демонстрираше неверојатни голгетерски способности и дека поради тоа најмногу ја заслужуваа оваа награда.
Сепак, јасно е дека главен фаворит е Кристијано Роналдо, кој во минатата сезона со Реал ја освои Лигата на шампионите, додека и со репрезентацијата на Португалија го освои ЕП.
„Кристијано, Меси или Суарез, но да бидам искрен, наградата ќе му ја дадам на Суарез“, изјави Балотели.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Ајакс во минатата сезона постигна 59 голови во 53 настапи во дресот на Блауграната.















