„Барса не постигна гол во два натпревари, тоа е нечуено“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Тренерот на Јувентус Макс Алегри рече после натпреварот на Ноу Камп дека елиминацијата на Барселона е одлучувачки чекор на пат кон Кардиф, каде што ќе се одигра финалето од Лигата на шампионите.

„Морам да ги пофалам играчите за се што направија во оваа сезона. Ова е чекор напред. Заслужено дојдовме до полуфиналето во натпревар со противник од топ класа.

Многу добро се браневме, малку бевме лоши во нападот каде што не искористивме неколку ветувачки контра напади. Бевме под притисок, но тоа беше одлучувачки чекор на пат кон Кардиф“, рече Алегри.

Јувентус успеа синоќа на Ноу Камп да ја одбрани предноста од три гола од првиот натпревар и така се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Барселона не успеа да постигне гол во двата натпревари, тоа е нешто речиси нечуено. Ние постепено напредуваме. Играчите мора да сфатат дека можат да играат дури и подобро од ова.

Сите одиграа инзвонредно вечерва“, рече Алегри.

Тренерот на Јувентус смета дека неговата екипа требаше да игра малку подруго.

„Требаше да играме уште помирно и пооштро, но не е лесно да ја наметнеш својата игра на Ноу Камп бидејќи Барселона на својот терен е целосно подруг тим.

Топката побрзо се движи и знаевме дека само ако одиграме одлично можеме да поминеме“, рече Алегри.

Тој додаде дека е среќен како неговите играчи играат, но рече клучот не е да ја задржат моменталната форма, туку да се подобрат.