Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неверојатен податок пронајдоја новинарите во Англија кога станува збор за натпреварот помеѓу Барселона и Манчестер Сити во рамките на третото коло од Лигата на Шампионите.
Барселона славеше и повеќе од убедливо со резултат 4:0, а фантастично враќање на теренот имаше Лионел Меси кој го постигна својто 13. хет-трик во кариерата. Но, еден многу интересен податок ни кажува дека Барселона во тој натпревар го доби првиот црвен картон по дури 19 години на „Камп Ноу“.
Тоа веднаш направи „лавина“ од коментари околу привилегираниот статус на Барселона во домашниот фудбал, а вреди да се напомене дека и на гостински терен имаат добиено само 7 црвени картони во истиот период од 19 години.
Потсетуваме, црвениот картон го доби Жереми Матје.