Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Турскиот фудбалер, Арда Туран ова лето имал неколку шанси да ја напушти екипата на Барселона.
Странските медиуми пренесуваат информација дека Арда бил многу блиску до Арсенал, но и самиот фудбалер вели дека тој имал висока понуда од Кина која Барселона ја одбила.
„Ова лето добив неверојатна понуда од Кина, но Барселона ја одби таа понуда. Имаа доверба во мене, знаеја дека не дојдов само на шест месеци. Имам долгорочни планови со овој клуб“, изјави Арда.
Потсетуваме дека Туран пристигна во Барселона во летото, 2015 година, но не можеше да игра шест месеци поради казната која Барса тогаш ја имаше од страна на УЕФА.