Барселона оштетена за чист пенал?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вечерва на Росаледа доживеа катастрофа, пораз од Малага (2:0) и сега гледаат во грб на Реал Мадрид.

Барселона веројатно во мислите беше во Торино, па од Малага прв пат на Росаледа е поразена после 14 години.

Каталонците ги немаа своите моќи, делуваа изгубено, посебно неколку играчи во средниот ред, а многу чкрипеше и во одбраната.

Во нападот Меси, Нејмар и Суарез не пронајдоа решение за организираните Андалужани.

Но, можеби Барса можеше да избегне пораз ако судијата во еден момент покажеше пенал за гостите.

Серхио Роберто влезе во казнетиот простор на Малага, беше срушен, но судијата процени дека е соборен надвор од 16 метри, па Барса доби само слободен удар.


barca penal? by goloviliga