Барселона продолжи да мели – Петарда за Легањес


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во првиот натпревар денес од четвртото коло во шпанската Ла Лига, Барселона славеше со 1:5 на гости против Легањес.

    После 15 минути игра, Лео Меси на асистенција на Луис Суарез ја затресе мрежата на Легањес. 15 минути подоцна Лео Меси му додаде на Луис Суарез кој погоди во празната мрежа и го зголеми водството на каталонците. Пред крајот на првото полувреме каталонските фудбалер по трет пат ја затресија домашната мрежа, а стрелец беше Нејмар на асистенција на Луис Суарез. Унаи Бустинца во второто полувреме направи прекршок во казнениот простор, а Лео Меси беше сигурен од белата точка и го постигна вториот погодок на натпреварот, четврт за Барселона. Рафиња во 64-та минута погоди за 0:5. Конечните 1:5 ги постави Габриел од слободен удар на 10 минути пред крајот на натпреварот.

    Барселона ја запиша третата победа оваа сезона, а Легањес вториот пораз. Во следното коло каталонците играат дерби натпревар на Камп Ноу против Атлетико Мадрид на 21-ви септември, а домашните фудбалери му гостуваат на Депортиво Ла Коруња на 22-ри септември.