До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Барселона ремизираше во минатиот викенд на Аноета со Реал Сосиедад (1:1).
Меѓутоа, секунда го делеше каталонскиот клуб од пораз во овој меч, бидејќи за малку ќе направеа голем превид.
После повредата на Џерард Пике во овој меч, тренерот Луис Енрике на загревање го испрати бразилскиот дефанзивец Марлон Сантос, кој неодамна се приклучи на првиот тим.
Марлон веќе беше спремен за влегување во игра, но во последен момент се откажа од замена и Бразилецот се врати на клупата.
Ако заиграше, Барселона ќе го загубеше мечот со 3:0. Причината за тоа лежи во фактот дека бразилскиот фудбалер поради работна дозвола сеуште не е регистриран за настап во Примера и тој до јануари нема право за настап.
Никој тоа во стручниот штаб на Барселона не го знаеше, но очигледно некој на време реагираше, па е избегната брука и катастрофа во тимот на Барселона.
Од друга страна Марлон има право за настап во ЛШ, па така тој заигра во мечот со Селтик.















