Белгијците бесни на Наинголан


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Раџа Наинголан го пропушти собирот со репрезентацијата на Белгија во овој месец.

    Одличниот 28-годишен играч за врска не беше доволно спремен за квалификации, но одигра пријателски меч против резервниот тим на Рома.

    Белгијците се бесни поради неговиот потег, а Наинголан им одговори по пат на Твитер.

    „Читам некои срања дека сум играл на тренинг меч против резервистите наРома. Пробувам да се вратам во форма, тоа е веројатно ОК? Не сум доволно спремен за жестоки натпревари. Играв со цел за што побрзо да се вратам на терен“, напиша Наинголан.

    Во оваа сезона белгискиот играч за врска одигра шест натпревари за Рома.