„Бензема е љубимец на Перез и поради тоа е стартер“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Поранешниот тренер на Реал Мадрид Фабио Капело рече дека напаѓачот Карим Бензема има статус на првотимец наместо Алваро Мората само затоа што е близок со претседателот на тој фудбалски клуб.

    Бензема не е во најдобра форма од почетокот на сезоната, додека Мората во повеќе наврати во игра влегува од клупа и со голови ги решава натпреварите.

    Тренерот на Реал Зинедин Зидан предност сепак дава на Бензема, а Капело верува дека тоа го прави со цел да го задоволи претседателот на клубот Флорентино Перез.

    „Изборот меѓу Бензема и Мората е дилема која секој тренер сака да ја има. Мислам дека Зидан пронајде вистинско решение. Да ги почнува натпреварите со Бензема, воглабно дека Французинот е љубимец на претседателот, а тогаш го внесува (Мората) за да го одлучи натпреварот. Мислам дека тактиката на Зидан е најдобра опција. Тоа го докажува резултатите“, рече Капело за Фокс Спорт Италија.

    Бензема постигна пет гола во 13 натпревари во сите натпреварувања, од кои десет беше првотимец.

    Мората постигна седум голови во 16 мечеви, а во првиот тим беше седум пати.