Бечирај донесе победа на Црна Гора во Данска, Левандовски во 95 минута за победа на Полска!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Црна Гора остварија уште една голема победа во квалификациите за СП 2018 година во Русија.

    Избраниците на Љубиша Тумбаковиќ ја совладаа Данска во гости со 1:0, па така после три одиграни кола го делат првото место во групата Е.

    Голот за победа во Копенхаген го постигна Фатос Бечирај во 32 минута, после одличната акција на Стеван Јоветиќ.

    Напаѓачот на Интер ја излажа комплетната одбрана на Данците, го проигра Бечирај кон внимателно реагираше и го префрли Каспер Шмајхел.

    Данска во второто полувреме со константи напади пробувашер да израмни, но и сигурен на голот беше Божовиќ. Одбраната на Црна Гора речиси без грешка ја командуваше Стефан Савиќ.

    Полска со голот на Левандовски во 95  минута ја совлада Ерманија, додека Романија претходно играше без голови со Казахстан.

    Црна Гора сега има седум бода, колку и Полска.

    Во групата Ц, Германија ја забележа третата победа по ред, совладувајќи ја Северна Ирска со 2:0. Азербејџан на Роберт Просинечки и понатака е без пораз, ремито против Чешка (0:0) го освои петтиот бод.

    Англија после долго време не успеа да победи во еден квалификационен меч, поради тоа што одигра нерешно во Словенија (0:0).