Бејл го избра идеалениот партнер: Но, не е Роналдо


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Напаѓачот на мадридски Реал и репрезентацијата на Велс Герет Бејл смета дека поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс е најдобар партнер во екипите со кои имаше прилика да соработува.

    „Најдобар фудбалер со кој што некогаш сум играл:? За мене тоа е Рајан Гигс. Како дете тој беше мој херој и легенда на светскиот фудбал, а сега е мој добар пријател“, истакна Бејл за Мирор.

    Легендарниот Гигс го носеше дресот на Манчестер Јунајтед од 1990 до 2014 година кога ја заврши кариерата.

    Со Бејл соработуваше во репрезентацијата на Велс. Гигс за националниот тим играше од 1991 до 2007 година, додека напаѓачот на Реал дресот со државниот грб го облече во 2006 година.