До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Младиот француски напаѓач претставува еден од најталентираните фудбалери на светот во овој момент, а Баерн имаше големи шанси да го доведе.
Се случуваат и вакви работи во денешниот фудбал.
Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, се наоѓаше на мета на големи клубови пред да потпише за Милионерите за сума од 15 милиони евра.
Тој беше стартер на 5 од 6 мечеви за Дортмунд во германскиот шампионат, а постигна еден гол со две асистенции.
Договор со Борусија потпиша на пет години.
Денешниот Спортбилд во Германија пренесува дека тој можеше да потпише за Баерн, дека челниците на овој клуб преговарале со погрешен агент.
Имено, техничкиот директор Михаел Решке преговараше со некогашниот менаџер на Осман Дембеле, Баду Самбаге, наместо со Марко Кирдемир, човек кој сега го застапува споменатиот фудбалер.
Двајцата започнаа преговори со Баерн уште во 2015 година во ноември, а на крајот Дортмунд успеа да го присвои бидејќи Баерн продолжи да преговар со погрешен човек.
„Спортбилд“ не наведе детали и како е воопшто можно за вакво нешто да се случи на клуб каков што е Баерн, но тврдат дека е вистина.















