Билиќ најде решение за сите проблеми, ќе мора добро да го плати!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Вест Хем е во проблеми со напаѓачите, делува дека овој човек ќе ги острани сите маки.

    „Чеканите“ направија респектабилен состав во оваа сезона. Стигнаа играчи Софијан Фегули, Симоне Заза и Андре Ају, но четата на Билиќ сеуште се сопнува.

    Навистина, имаа голем проблем со повредите, сеуште ги имаат, а се чини дека најголема болка е самиот шпиц во нападот.

    Прво се повреди Керол, Каљери не задоволи, Заза сеуште е изгубен во Англија, а Диафра Сако кој неодамна ги одигра првите минути во оваа сезона ќе биде надвор од тимот барем до крајот на годината.

    Се шпекулира со имиња кои можат да го засилат напаѓачкиот потенцијал на Чеканите, а сега влијателниот Гардијан јавува дека Билиќ „фрли око“ на одличниот напаѓач на Борнмут Калум Вилсон.

    Вилсон во оваа сезона е солиден, запиша четири гола на 12 настапи во Премиерлигата, во минатата сезона постигна само еден гол, но тоа го направи за помал број на натпревари отколку сега, бидејќи веќе во ова време во минатата сезона доживеа тешка повреда поради што ја пропушти целата сезона.

    Пробуваа во управата на Вест Хем да го доведат и во летоо, но нивната понуда од 15 милиони фунти тогаш лесно беше одбиена. Еди Хау очигледно смета дека Вилсон е шраф во неговата екипа, заинтересните страни секако ќе мораат повеќе да се потрудат.

    Не е тајна дека за Вилсон заинтересиран е и Тотенхем, а се споменува дури и Њукасл, но тешко дека 24-годишниот ќе се одлучи за премин во Чемпионшип.

    Вилсон е на мета на управата на тимот од „Олимпискиот стадион“ уште од 2015 година, кога со 20 голови беше еден од најзаслужните за промоција Борнмунт во највисок ранг.

    Се претпоставува дека Борнмаут може да биде заинтересиран со понуда од 25 милиони фунти, според последните наводи Вест Хем е спремен толку да понуди.