Бомба – Решение за сите маки на Перез стигнува од Милан?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Каква бомба ова ќе биде!

    Како што пренесуваат италијанските медиуми, Флорентино Перез може да направи уште една зделка на векот и да го доведе спортскиот директор кој го креираше големиот Милан.

    Во прашање е Адријано Галијани, кој до крајот на неделата ќе го напушти Милан после 30 години.

    Првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез веќе го контактираше Галијани и поради него е спремен повторно да ја оживее функцијата спортски директор, која практично не постои од 2011 година кога Мурињо го избрка Валдано.

    Одамна е познато дека Перез и Галијани се во одлични односи, впрочем, кој се сеќава, токму благодарение на тие односи, Рикардо Кака во 2009 година и отиде во Мадрид.

    Милан и Реал Мадрид често соработуваа на пазарот, позади се стоеше одличниот Галијани, махер во својата работа, кој сигурно би бил големо засилување и за Мадриѓаните.

    Галијани купува евтино, не се расфрла како Перез и тоа може да биде клуч во некоја нова ера на Реал Мадрид.