До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во вторникот фудбалскиот свет ја потресе голема трагедија која се случи после падот на авионот во Колумбија.
Во авионската несреќа загинаа 71 лица, а поголем дел беа фудбалери и членови на бразилскиот Чапекоенсе.
Според пишувањатана бразилските медиуми главен виновник за падот на авионот е пилотот Мигел Куирога бидејќи направил кардинална грешка.
Имено, како што пишуваат медиумите во Бразил пилотот морал први доаѓањето во Медељин уште еднаш да слета во Кобија или во Богота со цел да дотури гориво.
Аеродромот во Кобија го одби ова барање бидејќи не биле спремни да испорачаат гориво.
После тоа останала уште една опција авионот да слета во северна Богота, но пилотот одбил и продолжил да лета.
Наместо тоа Куирога се одлучил да оди директно за Медељин што било кардинална грешка.
Авионот на пет минути пред доаѓањето снема гориво после што се сруши. Сепак, треба да се сочека официјално соопштение на колумбиската полиција која работи на увид на овој настан.
Меѓутоа, во Бразил се сигурни дека пилотската грешка одведе 71 личности во смрт.















