Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Металург славеше со 27:33 против Татран Прешов во натпревар од СЕХА.
Татран Прешов отвори со погодоците на Хрстка и Чип, 2:0. Со двата погодоци во серија на Палевски, Металург го израмни резултатот, 3:3. Првото водство на натпреварот Металург го имаше во единаесетата минута кога Гуглета и Обрадовиќ погодија за 4:5. Илиќ и Велковски зголемија на 6:8. Домашните вратија со иста мерка и го израмнија резултатот, 8:8. Двата погодоци на Обрадовиќ и еден на Дрогришки му донесоја на Металург водство од 10:13. Домашните со два погодоци во серија го намалија водството на Металург на полувреме на два погодоци, 12:13.
Обрадовиќ постигна два погодоци за водство од 13:15. Рабек и Јанковиќ го израмнија резултатот, 15:15. Одличниот Обрадовиќ и Дрогришки ја вратија предноста на Металург на два погодоци, 15:17. Гуглета, Илиќ и Обрадовиќ погодија за водство на македонскиот клуб од 16:20. Со двата погодоци на Велковски, Металург стигна до водство од 5 погодоци, 19:24. Татран Прешов со серија од 5:1 намали на само еден погодок, 24:25. Огромна серија на Металург од шест погодоци кога беше најпотребно му го донесе најголемото водство на македонскиот клуб на натпреварот, седум погодоци, 24:31. Металург на крајот славеше со 27:33 за фантастичен финиш на годината.
Немања Обрадовиќ го предводеше Металург до победа на денешниот натпревар со 9 погодоци. Вања Илиќ и Александар Гуглета постигнаа по 6 погодоци. Рабек беше најефикасен во тимот на Татран Прешов со 7 погодоци.
Трета победа за Металург оваа сезона, прва на гостински тренер, а Прешов го запиша десетиот пораз оваа сезона.
Ова беше последен натпревар за клубот од Автокоманда оваа година, а следниот го игра на четврти јануари на гости против Веспрем.