Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одиграа сите пет натпревари од 24-то коло во првата македонска фудбалска лига.
Вечното дерби се играше на Телеком Арена помеѓу Вардар и Работнички. Црвено-црните ги победија романтичарите, 2:0.
Дамир Којашевиќ во 39-та минута му донесе водство на црвено црните. Резервата Бобан Николов во судиското продолжение го реши победникот на натпреварот, 2:0.
Шкендија ја декласира Македонија Ѓорче Петров, 5:1.
Дино Меѓедовиќ после десет минути игра му донесе водство на тетовчани. Во 28-ма минута беше досуден пенал за Шкендија, а Бесарт Ибраими зголеми на 2:0. Две минути подоцна Бесарт Ибраими го постигна својот втор погодок на натпреварот. Три минути пред крајот на првото полувреме Дино Меѓедовиќ по втор пат се запиша во листата на стрелци. Дино Меѓедовиќ во второто полувреме го постигна хет-трикот на денешниот натпревар. Три минути подоцна Јане Иваноски ги постави конечните 5:1.
Шкупи во Чаир минимално го победи Пелистер, 1:0.
Мухарем Бајрами во 21-ва минута го постигна единствениот погодок на натпреварот.
Силекс на домашен терен славеше против Ренова, 3:0.
После седум минути игра кратовчани имаа водство. Александар Пановски ја затресе мрежата на гипсарите. Пред крајот на првото полувреме Антонио Каланоски зголеми на 2:0. Игор Недељковиќ ги постави конечните 3:0 пред крајот на натпреварот.
На натпреварот Победа – Брегалница не беа постигнати погодоци, 0:0.
ТАБЕЛА:
1. Вардар 56 бода
2. Шкендија 50 бода
3. Работнички 39 бода
4. Пелистер 36 бода
5. Силекс 34 бода
6. Ренова 31 бод
7. Шкупи 25 бода
8. Победа 21 бод
9. Македонија Ѓорче Петров 16 бода
10. Брегалница 13 бода