Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал не блеска оваа сезона, Топчиите врзаа два порази во Премиер лигата и Челси е веќе на плус девет.
Француските медиуми тврдат дека одличниот стратег конечно би можел да ги напушти Топчиите бидејќи добил примамлива понуда од татковината, поточно од ПСЖ.
Во Париз не се задоволни од Унаи Емери, а токму менаџерот на клубот од Лондон го гледаат како прва опција. Исто така, медиумите тврдат дека Венгер претходно одбил две понуди од Париз, бидејќи сакал да остане лојален на клубот.
Управата на францускиот првак ќе го почекаат дуелот против Барселона во ЛШ и во случај на испаѓање би му се заблагодариле на Емери. Според тврдењата, во тој случај се предвидува до крајот на сезоната тимот да биде предводен од привремен менаџер, а потоа да дојде Венгер и да направи силен тим.
Вреди да се напомене и дека на Венгер на крајот на сезоната му истекува договорот со Арсенал.