Верати: „Ибрахимовиќ ми недостасува“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати се пожали дека Златан Ибрахимовиќ многу му недостасува, бидејќи без него во тимот било многу досадно. Според него, шведсиот напаѓач ја правел ситуацијата во тимот многу пријатна, а тимскиот дух многу повисок.

    „Златан не е само голем играч, тој е и многу добар учител. Луѓето како него тешко се заменуваат. Тој беше важен играч за тимот, како на теренот, така и надвор од него .Тој е човек кој постојано се стреми кон победа и не охрабрва. Да бидам искрен, тој ми недостасува. Златан е голем човек“, изјави италијанскиот репрезентативец, Верати.

    Ибрахимовиќ мина 4 сезони во Париз, но во текот на летото, откако неговиот договор со ПСЖ истече, тој одлучи да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.