Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер, Иско (24) дефинитивно нема уште долго да биде член на Реал Мадрид.
Доказ за ова е потегот на лидерите на атуелниот европски шампион, кој на Иско нема да му понудат продолжување на договорот кој му истекува за две години.
Реал Мадрид веќе започна, а со некои и ги финализира преговорите во продолжување на соработката со големите ѕвезди како што се Роналдо, Бејл, Навас и Модриќ, додека Иско е исфрлен од таа листа.
Иско во Реал Мадрид пристигна пред три години од Малага за 30 милиони евра, но на „Сантиаго Бернабе“ не се снајде баш најдобро и секогаш беше во втор план, без оглед на тоа кој беше менаџер.
Со оглед на тоа што Реал нема да го продолжи договорот, логично е да се очеува дека Иско ќе ја промени средината на зима, или следното лето, а за него се заинтереирани Тотенхем, Манчестер Јунајтед, па и Малага.