До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Два англиски тимови се решија, каде на крајот ќе заврши.
Атлетико нема да се прашува, Антоан Гризман може да замине. Имено, Челси ќе ја плати клаузулата од 100 милиони евра за Французинот, што ќе го натера Јунајтед да одговори на ист начин, се зборува дека тие ќе му ја понудат платата која не може да ја одбие, но ќе сметаат и на помошта на Пол Погба.
Гризман има клаузула, вреди 100 милиони евра според мислењето на двата англиски клуба, го сакаат уште Пари Сен Жермен, Арсенал и Манчестер Сити.
Но, во овој момент изборот ќе се сведе на Челси или Манчестер Јунајтед.
Двата тима имаат многу јасна стратегија, од Јунајтед ќе заминат Руни, можеби и Ибрахимовиќ, имаат доволно пари за Гризман да го направат најплатен играч во ПЛ.
Од друга страна, Челси веројатно ќе ги продаде и Коста и Батшуаји, планираат нов напад, а Французинот е прва желба на Конте. Тој наводно има ветување дека ќе се плати клаузулата, после тоа се е на моќта на убедување на самиот менаџер кои ќе пробаат да го уверат Гризман да го избере Лондон.
Тоа би било крај на една ера на Калдерон, во наредното лето или во 2018 и Диего Симеоне ќе го дигне сидрото, а Атлетико нема начин да го задржи најдобриот играч. Мора да се признае, ова ќе биде големо олеснување кога се во прашање нивните долгови, Мадриѓаните својот бомбардер го платија на Сосиедад 25 милиони евра, ќе земат четири пати повеќе пари.
Според информациите од англиските медиуми, Гризман повеќе сака да биде член на Манчестер, но се тоа може да се промени во текот на летото, ако Челси заврши пред Ѓаволите.
Одлувачки ќе биде и кој од двата клуба ќе игра во Лигата на шампионите, поточно, ако некој од споменатите не се пласира, може да заборават на момчето кое ќе влезе меѓу трите најголеми трансфери во историјата на фудбалот!















