Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската престолнина Скопје, беше домаќин на Европското првенство (ЕП) во планинско трчање, на кое настапија дури 255 атлетичари од 29 земји, во одлични услови на патеките низ Водно.
Уште еднаш, по којзнае кој пат Македонија се покажа како одличен домаќин, а Атлетската Федерација на Македонија во целост го положи “испитот” и докажа дека е спремна за уште поголеми настани во иднина. Организацијата беше беспрекорна, патеката на Водно беспрекорна и покрај дождовите кои ја зафатија Македонија во изминатиот период. Впрочем, за тоа најдобар доказ беа импресиите кои ги искажаа атлетичарите од 29-те земји учеснички, како и претставниците од врвот на атлетскиот свет во Европа.
Натпреварувачкиот ден започна со јуниорските трки, најпрво во женска конкуренција, каде победата ја однесе Италијанката Анџела Матеви.
Кај момчињата, до првото место стигна Габриел Буларда од Романија.
Во сениорска конкуренција, прва заврши Швајцарката Мад Матис, додека италијанската тројка составена од близнаците Дематеис и Чезаре Маестри беше најдобра кај мажите.
По завршувањето на натпреварите се одржа и свечено затворање на Европското Првенство во хотелот Континентал во Скопје, каде беа доделени наградите за најдобрите и беше предадено знамето на следниот домаќин, Швајцарија.
Во меѓувреме, претставниците од Атлетската федерација на Македонија како и волонтерскиот тим, кои не беше мал на број се погрижија патеката на Водно да биде вратена во првобитната состојба, исчистена и спремна за рекреативците.
Се на се, заклучокот е дека ова Европско Пренство во планинско трчање беше едно од најдоброорганизираните досега, а беше 17-то по ред, па не треба да се зачудиме доколку добиеме организација и на поголем настан во иднина.
Повеќе фотографии од Европското првенство (ЕП) во планинско трчање ТУКА.