Вилијан потврди и го искоментира заминувањето на Оскар во Кина


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Иако трансферот не е официјално потврден, јасно е дека Оскар ќе замине од Лондон, а тоа го потврди и неговиот соиграч Вилијан.

„Оскар веќе се поздрави со нас. Жал ми е што оди бидејќи тој е одлично момче и фудбалер. Му посакувам се најдобро“, рече Вилијан.

Бразилецот даде и свој коментар на одлуката на Оскар.

„Фудбалската кариера некогаш може да биде пократка отколку што мислите. Таква понуда стигнува еднаш во животот и го разбирам, бидејќи никогаш не знаете што вас ве чека утре. Тој само мисли на својата фамилија“.

Наводно Челси од продажбата на Оскар ќе заработи 60 милиони евра.