Во МЗТ не сјае сонце, оставка на тренерот како и парична казна за играчите


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Александар Јончевски од денеска и официјално не е тренер на МЗТ Скопје откако си поднесе оставка во овој кризен период кога во прашање се исходите од натпреварите.

    Вчера МЗТ играше против Крка, имаа одлична игра на почетокот од дуелот но во текот на натпреварот играчите постепено тонеа и тонеа.

    Јончевски беше тренер на МЗТ на 9 натпревари каде имаше учинок 2-7 што за тим како МЗТ Скопје е неверојатна брука.

    Исто има казна од една плата и за играчите на тимот од Аеродром.

    Александар Књазев и Горан Крстевски се моментално на кормилото на МЗТ, и за 2 дена ни следува дуел против Лиеткабелис. Сега во Аеродром се бара човек кој ќе го извлече МЗТ од оваа криза.