Во младото македонско Ел Класико подобар Металург 2


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во првиот натпревар од седмото коло од суперлигата ракометарите на Металург 2 славеа против Вардар Јуниор со 25:22.

    Првиот дел вториот тим на Металург го одигра подобро и замина на полувреме со два погодоци предност, 14:12. Вардар Јуниор се обидуваше да се врати во натпреварот, но ракометарите на Металург ја одржуваа предност и на крајот славеа со три погодоци, 25:22.

    Димитриоски со 8 погодоци го предводеше Металург 2 до победа во младото Ел Класико. Крстевски го заврши натпреварот како втор стрелец кај клубот од Автокоманда со 6 погодоци. Вујачиќ со 7 погодоци најмногу се истакна во тимот на Вардар Јуниор.