Втор пораз во низа за Врбица и Кожув во БИБЛ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Кожув беа поразени во натпревар од БИБЛ лигата на гости против Тиват со 85:79.

    Одлично го почнаа натпреварот избраниците на Врбица Стефанов, 2:7. После почетното водство гостите одиграа катастрофално и првата четвртина ја загубија со 28:18. Втората четвртина домашните кошаркари го одржуваа водството. Тиват на полувреме замина со предност од 7 поени, 44:37. Во последните десет минути од натпреварот кошаркарите на Тиват имаа предност од 7 поени, 65:58. Гевгеличани во последниот дел се обидуваа да се вратат резултатски да се вратат, но најмногу стигнаа до четири негатива на две минути до крајот. Кошаркарите на Тиват на крајот славеа со 85:79 за прва победа оваа сезона во БИБЛ лигата.

    Ѓуришиќ и Маројевиќ со по 18 поени го предводеа Тиват до првата победа оваа сезона. Станојевиќ додаде 17, Сајин 14, а двоцифрен беше и Дамјановиќ со 10 поени. Кај Кожув Абрамовиќ и Нил беа најефикасни со по 19 поени. Мијовиќ беше останатиот двоцифрен со 16 поени.