Ништо повеќе нема да биде исто: Галијани до крајот на неделата го напушта Милан


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Легендарниот член на Милан Адријано Галијани не сака да има ниту една друга позиција во клубот од таа извршен директор која со години ја држеше.

    Неговата работа наскоро ќе ја преземе Марко Фасоне, а Галијани после повеќе од три децении ќе го напушти клубот.

    Друга улога во Милан не сака и тоа јавно го рече:

    „Мора да ми се укаже почит поради се што направив. Едноставно, не сакам друга улога. Никаква улога советник не доаѓа во предвид“, рече Галијани.

    Тоа значи дека Галијани веројатно ќе го напушти Милан, а тоа значи и заминување во пензија.