До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот за врска на Манчестер Сити Илкај Гундоган на прашањето на британските новинари да ги спореди менаџерите Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, даде предност на шпанскиот стручнак.
Некогашниот фудбалер на Дортмунд во Германија соработуваше со Клоп, сега менаџер на Ливерпул, но ја истакна работата со Гвардиола, сегашниот шеф во Сити.
„Тие се менаџери од светска класа со посебен квалитет. Не би било фер да речам дека Клоп е поголем емотивиец, но кога ќе видите како од аут линијата како ја преживува секоја минута од мечот, јасно ви е зошто Дортмунд беше толку успешен.
Гвардиола е еднакво пасиониран но на подруг начин. Тој е гение кој ја чита играта и ја замислува секоја можна ситуација. Секогаш ни објаснува како да најдеме подобро решние и таквите менаџери како што е тој не постојат, затоа и веројатно најдобар на светот“, рече Гундоган.
Неговите зборови не се без основа поради тоа што Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола во новата сезона не знае за пораз ни реми, а после пет кола од Премиер лигата води на табелата со максимални 15 бодови.
Граѓаните се така убеливи и во Лигата на шампионите каде што прво ја елиминираше Стеауа, а тогаш во групната фаза ја „демолираше Борусија Мехенгладбах (4:0).















