Гвардиола: Меси е фудбалерот што трча најмалку во Примера, но затоа кога добива топка...

    Аргентинскиот фудбалер, Лео Меси во последниве години често добива критики за неговите залагања на теренот.

    Постојат податоци кои кажуваат дека Меси некогаш трча помалку дури и од некои голмани, а нешто слично за него за англиските медиуми изјави и Пеп Гвардиола, сегашниот менаџер на Манчестер Сити и поранешен менаџер на Барселона.

    „Меси е играчот кој најмалку трча во Примера, но затоа кога добива топка, тогаш тоа е експлозија. Точно знае каде се сите, има одличен преглед на играта, навистина многу добро го разбира фудбалот“, изјави Гвардиола.

    Потсетуваме дека Гвардиола и Меси се соработуваа од 2008. до 2012. година, кога Шпанецот беше менаџер на Барселона.