Гвардиола не можеше да му соопшти полоши вести на фудбалерите на Сити

Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не можеше да му соопшти полоши вести на фудбалерите на овој клуб.

Иако празниците во сите останати лиги означуваат пауза и радост за фудбалерите, во ПЛ е обратно. Тогаш имаат најмногу работа, а Гвардиола на фудбалерите на Сити одлучи да му ја отежне работата.

Сити игра на 26-ти декември против Хал на гости, а Гвардиола порача дека неговите фудбалери за тој натпревар ќе се спремаат како и за секој друг што вклучува и тренинг еден ден порано т.е на Божиќ.

„Ќе тренираме утре и задутре. Ќе патуваме во Хал попладне, после тоа ќе одиграме натпревар и ќе се вратиме. Ќе се спремаме за тој натпревар како да не е Божиќ. Разговарав со Давид Силва и некои други фудбалери и тие ми кажаа што значи да играш за Божиќ во гости кај Хал. Она што го научив од кога сум овде е дека нема голема разлика во квалитетот помеѓу клубовите од горниот и долниот дел на табелата. Не очекувам лесен натпревар“, изјави Гвардиола.