До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот стрелец на Манчестер Сити Серхио Агуеро го продолжи договорот со клубот на уште две сезони, односно до 2020 година.
Како што наведува британски Експрес, Агуеро планираше по истекот на сегашниот договор во 2018 година, да се врати во Индепендиенте, но се предомисли и ќе остане меѓу Граѓаните.
Очигледно дека на неговата одлука влијаеше и неверојатната фудбалска филозофија на Пеп Гвардиола, кој забележа осум победи во истотолку официјални настапи.
Аргентинецот во Сити стигна пред пет години од мадридски Атлетико и освои две титули во Премиер лигата, два Лига купа и Комјунити Шилд.
Вкупно одигра 213 натпревари и постигна 145 голови, додека само во оваа сезона девет пати беше стрелец на пет натпревари, со два промашени пенали против Стеауа во квалификациите за ЛШ.
Инаку, Гвардиола е топ тема во Англија, бидејќи никој не памети подобар старт на еден клубот како што тој тоа го прави во дебитанската сезона.
Истотака, откриено е дека веќе во идното лето ќе тргне во лов на двајца најдобри играчи на светот. Повеќе за тоа ОВДЕ.















