Големи вести за Спарси! Еден од најдобрите ја продолжи верноста!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Најголемото откритие на Маурисио Покетино, ќе остане во клубот барем до 2022 година.

    Радосни вести за сите навивачи на Тотенхем Спарс, Хари Кејн парифираше нов договор со клубот.

    Англискиот репрезентативец според новиот договор на Вајт Харт Лејн ќе остане се до 2022 година.

    Не се прецизирани деталите од новиот договор на Кејн.

    Овој 23-годишен напаѓач е вистинска ударна игра на Пејачите во претходните години. Актуелниот сопственик на „златната копачка“ во Премиерлигата, бидејќи беше најдобар стрелец во шампионатот во минатата сезона со 25 години, а беше и вклучен во најдобриот тим на Премиерлигата според синдикатот на фудбалерите.

    Дебитираше во дресот на Спарси уште во 2011 година, во мечот од Лига Европа против шкотски Харт, а од тогаш па до денес одигра 137 натпревари и постигна 70 голови за Спарси.

    Стана редовен и во репрезентацијата на Англија, а ќе се памети и неговиот гол на дебито за Гордиот Албион, кога после само 79 секунди на теренот ја затресе мрежата на Литванија на Вембли.

    Досега има запишано 17 настапи и пет голови во дресот на репрезентацијата.