До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Симоне Заза во ова лето премина од Јувентус во Вест Хем, но се испостави дека тоа не беше баш добар потег.
Имено, Заза во Вест Хем стигна на позајмица до крајот на оваа сезона, но челниците на лондонската екипа не се задоволни со неговите игри.
Веќе некое време се шпекулира дека Заза веќе во јануари ќе го напушти Вест Хем, и ќе се врати во италијанската Серија А.
Италијанските медиуми пред неколку дена пренесоа дека Заза се наоѓа на мета на Наполи, и дека од јануари ќе биде нов играч на оваа екипа.
Вест Хем е заинтересиран за овој трансфер да се реализира бидејќи во спротивен правец треба да дојде Маноло Габијадини.
„Нешто се случува за прашањето за доаѓањето на Заза во Наполи. Повеќе ќе се знае во наредниот месец“, порача еден од пријателите на Заза.
Вест Хем ќе мора да го откупи договорот на Заза од Јувентус за 20 милиони евра доколку одигра 14 натпревари за овој клуб. Заза досега одигра девет натпревари, но не постигна ниту еден гол.














