Го нема Роналдо во идеалниот тим на сезоната!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По оценките на уредниците на порталот ‘WhoScored.com’, официјално најдобриот играч на светот не заслужи да се најде меѓу најдобрите 11 во шпанската Примера во минатата сезона.

Иако Реал Мадрид ја освои титулата шампион на Шпанија, прв пат после петгодишен пост, интересно е дека повеќе делегати во идеалниот тим од Кралскиот клуб дадоа и Барселона и Атлетико Мадрид.

Напаѓачкото трио на Барса „МСН“ е тука, но Лионел Меси и Нејмар, инаку најдобро двајцата најдобро оценети играчи во шпанскиот шампионат, се ставени на крилата.

Тројца доаѓаат  и од таборот на Јорганџиитге, тука е нивниот најдобар стрелец Антоан Гризман, левиот бек Филипе Луиз и стоперот Диего Годин.

Од шампионскиот тим двајва се членови на „идеалниот тим“ одличниот играч за врска Тони Крос и десниот бек Дани Карвахал.

По еден претставник дадоа три клуба од Баскија – Реал Сосиедад играчот за врска Асиер Иљараменди, Атлетик Билбао – стоперот Јерај Алварез и Депортиво Алавес голманот Фернандо Пачеко.

Да го слушнеме вашето мислење? Како според вас изгледа идеалниот тим во Примера?