„Го победивме најдобриот тим на светот“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва на домашен терен ја совладаа Барселона со 3:1.

    Екипата на Пеп Гвардиола успеа да оствари победа во дербито од 4 коло од групната фаза од ЛШ против Барселона после тешкиот пораз пред три  недели на Ноу Камп.

    Иако гостите дојдоа први до предност, а на крајот Граѓаните со пресврт стигнаа до голема победа.

    „Барселона неверојатно играа во првиот пола час и ни создадоа многу проблеми. Првиот гол многу ни помогна, а подоцна продолживме да играме одлично. Среќен сум поради своите играчи бидејќи ова е прв пат да го победиме најдобриот тим на светот“, рече Пеп Гвардиола после мечот.

    Барселона и понатака е прва во групата Ц со девет бодови, додека Сити сега е втор со два бода помалку. Веќе овие екипи со една нога се во наредната фаза од ЛШ.