Го прослави дербито: Сусо веќе доби интересна понуда!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерот на Милан, Сусо, го одбележа минатиот викенд градското дерби против Интер.

    Екипите на крајот ги поделија бодовите играјќи 2:2, а двата гола за Росонерите ги постигна токму Сусо.

    Овој фудбалер импресионираше многу со својата партија против градскиот ривал кој очигледно му донесе голем чекор напред во светот на трансферите.

    Имено, италијанските медиуми пренесоа денеска дека на адреса на Милан стигна понуда за Сусо.

    Наводно, Борусија Дортмунд испрати понуда за овој играч кој сака да го доведе веќе во јануари.

    Сепак, лоши вести германскиот тим е дека Сусо нема намера да го напушти Милан, овој 23-годишен Шпанец порача на управата на Росонерите сака да го продолжи договорот.

    Неговиот моментален договор со Милан истекува на лето 2019 година, а моментално заработува „само“ еден милион евра годишно.